Во трговскиот центар Мавровка е испукан ракетен проектил

Ноќеска во трговскиот центар Мавровка е испукан ракетен проектил кон угостителски објект кога околните жители слушнале и силна експлозија. Од МВР соопштија дека нападот се случил околу 1:30 часот по полноќ кога врз кафуле кое во тој момент било затворено.

Нападот е извршен со рачен ракетен фрлач. Повредени нема, но оштетени се стакла од објектот, како и од околните дуќани. Полицијата засега нема информација за напаѓачот и го истражува инцидентот.  Сопствениците на оштетените дуќани сами ја санирале штетата.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ