Двојно повеќе приведени странски државјанки во полошко изминатата година

Полициските акции за откривање и санкционирање на странски државјанки кои нелегално престојуваат и работаат во полошкиот регион се се почести. Лани биле откриени околу 250 претежно танчерки и пејачки во 74 акциски контроли, или двојно повеќе за разлика од пред две години

Но и покрај ваквите контроли и казни, во кафулињата и ноќните барови се помасно се работи нелегално.

Универзитетскиот професор Ќебир Авзиу, вели дека акциите на полицијата за кои се трошат огромни суми на пари од буџетот, немаат никаков ефект. Пејачките и танчерките откако ќе се протераат повторно се враќаат во земјава. Тој смета дека треба да се делува превентивно. Односно да се олеснат бирократските процедури за добивање на работни визи за странските државјанки кои се занимаваат со вакви дејности, за кои државата треба да наплаќа поголеми даноци .

Инаку само за месец јануари годинава, на ова подрачје откриени биле околу педесетина државјанки претежно од Албанија и Србија. Сите се предадеи на отсекот за прекуграничен криминал, странци и реадмисија за натамошна постапка.

Зоран Димовски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ