Субвенциите за земјоделието не се решение, согласни се агрономите и фармерите

Субвенциите треба да се наменат во директни инвестиции и технолошка развој на македонското земјоделство. Ваков став делат и стручните лица и претставниците на земјоделците. Ристо Велков смета дека парите што ги одделува државата за субвенции не се ниту мали ниту занемарливи, но тие досега не ја оправдале својата цел.

И агрономите се на ова мислење. Субвенциите требало да донесат новина и прогрес за земјоделито, но земјоделците од нив преживуваат до следната реколта, што пак говори и за социјалниот статус на фармерите и нивната немоќ од земјоделието да развијат доходовен бизнис.

Земјоделските здруженија предлагаат да се направи нова стратегија за македонското производство и одново да се мапираат приоритетите на државата за да се насочи помошта токму во таа насока. Во меѓувреме се’ повеќе земјоделци се откажуваат од производството, а расте и необработливото земјиште во државата.

Сузана Мицева

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ