Штипските работници се похрабри да пријават кршење на нивните права

Работниците стануваат се похрабри за да си ги побараат своите права. Кристина Ампева од штипското Здружение „Гласен Текстилец“ за Телма вели дека до нив минатиот месец пристигнати се над стотина пријави дека сопствениците на текстилните и кожарските фабрики не им исплатиле К-15, но и реагираат и за висината на платата. Позитивно е и тоа што помал е бројот на работниците, коишто анонимно ги пријавуваат прекршувањата на работничките права.

Ампева забележува дека минатата година, во споредба со 2017 година компаниите во помал број имаат исплатено регрес за годишен одмор. Смета дека проблем е тоа што нема колку да биде минималниот износ за исплатата на годишниот одмор, затоа и имаат случаи кога на сметките на работниците по оваа ставка пристигнуваат само 100 или 500 денари.

Според анализите на „Гласен Текстилец“ минимални се фирмите, кои се позитивен пример за исплатата на регресот за годишен одмор. Позитивно е годинава што инспекторатот веднаш реагираше на претставките на работниците и на „Гласен Текстилец“.

Викторија Димитрова Јованова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ