Протест поради неисплатени плати во ЗК „Пелагонија“

Вработените во најголемиот агрокомбинат во државата ЗК „Пелагонија“ од Битола, денеска излегоа на протест поради неисплатени плати од ноември, иако велат  работат  по 12 до 14 часа на ден. Се пожалија дека не зеле ниту регрес за годишен одмор.

Немаме земено дел од од платата  за ноември,за  цел декември и јануари, значи две и пол плати, рече Мендел Милевски, новозибран синдикален лидер во ЗК „Пелагонија“.

К-15 не ни е исплатено три години, а не ни даваат ниту општествена исхрана, а не тераат да работиме по 12 до 14 часа, рече Димче Српчански, работник во ЗК „Пелагонија“.

Велат ова е предупредувачки протест,  а доколку не си ги добијат заостанатите плати, ќе стапат во генерален штрајк

Од понеделник натаму нема да работиме, нема да ги молзиме и храниме кравите, нема да ги извршуваме земјоделските работи. Ова се е поради неисплатените плати, рече Стефо Дуков, работник во ЗК „Пелагонија“.

Сметката на ЗК „Пелагонија“  беше блокирана од  доверителите откако во ноември лани  сопственикот на комбинатот  Орце Камчев и еден од директорите, Цветан Панделевски  беа осмничени во слуачјот „Империја“ на СЈО. Менаџментот на комбинатот уверува дека  500 вработени денес ќе добијат дел од ноемвриската и цела декемвриска плата.

Влеговме во склучување на договор со сите банки и доверители, тој договр е официјално потпишан, банките пристапија кон деблокада на сметките, а денес ќе биде завршена работата и платата ќе биде исплатена, изјави Павле Цветановски, финансиски директор во ЗК „Пелагонија“.

Вработените пак велат дека вакви ветувања од менаџментот добиваат секој ден и уште еднаш потврдија дека доклолу денес неим бидат исплатени заостантите плати целосно ќе ги запрат сите работни обврски во ЗК Пелагонија.

Емилија Мисирлиевска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ