Кражби на штипските улици, жителите бараат институциите да бидат поажурни

Продолжуваат кражбите на улиците Радански пат, Косовска и Панче Караѓозов, а деновиве е регистриран и физички напад врз таксист. Пред два дена во куќата на Марјан Стојчев за време на семејната слава Свети Андон повторно влегол крадец. Инаку пред десетина дена во истата куќа  крадците кои краделе дрва со секири ги нападнати таткото и синот

Телма веќе и информираше дека жителите од овој реон на градот се мета на крадците веќе десетина години, за да се заштитат презеле и низа на мерки.

Жителите забележуваат дека од пред десетина дена намален е бројот на кражби, но сметаат дека надлежните институции треба да преземат поголеми мерки за да бидат побезбедни и во своите домови. Додека новинарските екипи беа на местото на настанот, забележаа и возило без регистерски таблички, во кој возачот беше маскиран, за да не му се види лицето.

Жителите велат дека неверуваат во системот, бидејќи со години низ нивните улици поминуваат вакви возила, кои се користат за нелегална продажба на огревно дрво, а досега ретко кој е фатен. Во меѓувреме од Здружението на такисисти најавуваат дека поради безбедност на нивните возачи во вечерните часови не испраќаат возила во овие реони.

Од полицијата забележуваат дека поголем дел од настаните ги имаат рачистено и зголемена е безбедноста во тој дел на градот, со поголема полициска контрола. Но, жителите од населбите Радански пат, Дузлачки рид и Мирјанина црква бараат средба со полицијата и локалната власт за да се најдат трајни решенија за нивниот проблем. Доколку надлежните институции немаат слух, во тој случај најавуваат дека ќе организираат протест.

Викторија Димитрова Јованова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ