
Екологистите пред Дрисла, бараат одземање на концесијата
Предупредувачки протест и петанесетминутна блокада на влезот на депонијата Дрисла во организација на граѓанската иницијатива „Движење за чист воздух“ во знак на револт поради инертноста на надлежните кога станува збор за најголемата депонија во државата и енормното загадување на воздухот кој го дишат скопјани.
Екологистите со конкретни прашања до Владата и надлежните за начиот на кој се складира и согорува отпадот.
Тие се сомневаат дека во Дрисла не се запазува максималниот капацитет за согорување на печките на кои се поставени несоодветни филтри за горење на медицински отпад и побараа измена на правилниците и ненајавени инспекциски контроли.
Од раководството на Дрисла смируваат. Тие ги отфрлаат обвинувањата и тврдат дека не го загадуваат воздухот на скопјани. Директорот Горан Ангелов тврди дека количината на отпад кој се гори во акцелераторот е далеку под максималната граница и негира дека се гори отпад увезен во државата.
Екологистите се убедени дека депонијата не работи законски и според прописите и затоа побараа веднаш да биде одземена концесијата на италијаската фирма „ФЛЦ Амбинете“
Градоначалникот Петре Шилегов најави дека до крајот на месецот ќе ја донесе одлуката која се чека со месеци – кој ќе биде идниот концесионер на Дрисла.
Тие побараа од Владата да го забрани увозот на отпад од странство пред државата да стане како што велат една голема депонија и се заканија со нови протести и блокада на рабоптењето на администрацијата на Град Скопје.
Огнен Чанчаревиќ