Двајца повредни во инцидентот во средно училиште во Охрид

Препирка помеѓу  ученици од ОЕМУЦ Св Наум Охридски – Охрид, прераснала во оружен инцидент,  во кој бил употребен импровизиран пиштол, по што настанала општа паника помеѓу учениците. Во инциденот полесно се повредени двајца ученици, кои се згрижени во охридската болница.

Директорот Недески, кој за време на инцидентот не бил во училиштето, вели дека е непријатно изненаден, дотолку повеќе што момчето кое посегнало по импровизираниот пиштол било примерен ученик, против кого до сега не била водена никаква дисциплинска постапка.

Истрагата која е во тек треба да ги расветли мотивите за немилиот настан во охридското средно техничко училиште, што ја вознемири јавноста. На местото на настанот извршен е увид, а Јавното обвинителство информираше дека поради специфичноста на случајот детали ќе  соопшти во текот на утрешниот ден.

Горан Момироски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ