
„Злетовица“ за две години ќе биде во целосна функција
Со пет милиони евра во наредните две години државата ќе го стави во целосна функција Хидросистемот Злетовица, од кој што во момемнтов со вода за пиење се снабдуваат Пробиштип и Свети Николе, додека Штип, Карбинци и Лозово се уште не можат да се приклучат. „Злетовица“ којшто е најсовремениот систем за водоснабдување работи нерентабилно, поради тоа што трите општини не се корисници на водата. Средствата веќе им се на располагање.
Свети Николе со овие пари бара проширување на капацитетот на постојната филтер станица, а Лозово комплетна изградба на пречистителна станица и пристапен пат. Додека пак на Штип како најголем корисник потребна му е опрема за да го смири влегувањето на водата во станицата.
Лозово и Карбинци ќе обезбедат квалитетна вода за пиење за своите жители, а Штип ќе добие стабилен систем за водоснабдување во текот на летниот период.
Викторија Јованова