
Шилегов: Вардариште е минато
Вардариште е минато. Градот Скопје ќе започне постапка за формирање ново јавно претпријатие кое ќе биде задолжено исклучиво за третман и благосостојба на уличните животни. Ќе бидат вклучени повеќе институции и граѓански активисти за надминување на проблемот со кучињата скитници.
Стационарот повеќе нема да биде во надлежност на јавното претпријатие комунална хигиена. туку ќе добие еднаков приоритет со другите јавни претпријатија кои се занимаваат исто така со комунални дејности.
Јавното претпријатие ќе биде основано со буџетски средства на градот Скопје, оние кои до сега сме ги давале ќе се зголемат, средствата финансиски од комунална хигиена исто така, најави Шилегов.
- Новото јавно претпријатие во целост ќе ги преземе сите активности кои опфаќаат заловување на животни скицници, нивна стерилизација ветеринарна грижа, регистрација и процедури за вдомување од страна на заинтересираните граѓани. Постапката за формирањето на новото јавно претпријатие тече паралелно со процесот на чипирање на домашните миленици со цел и кога ќе заврши овој процес да започне да функционира стационарот на град Скопје. За името на јавното претпријатие сеуште не сме одлучиле моја лична желба ако нешто значи е имото да биде Лајка, куче кое што го има сменето човештвото, а не знам колку е познато тоа е куче од улиците на Москва, така што има сериозна симболика и верувам дека ваквиот третман во исто време ќе го реши проблемот ќе направи подобар град и подобри луѓе од сите нас, изјави Петре Шилегов, градоначалник на Скопје.