Џафери бара од ВМРО – ДПМНЕ 61 потпис за распуштање на Собранието

Предлогот на ВМРО – ДПМНЕ за распуштање на Собранието ќе биде ставен на дневен ред на седница само доколку соберат потписи од 61 пратеник и партиите постигнат договор за техничка Влада. ,,Не планирам да правам дополнителни трошоци за седница на која само ќе се расправа а нема да има доволно гласови да се прифати иницијативата,, рече на брифинг со новинарите собранискиот спикер Талат Џафери.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ Никола Мицевски смета дека Џафери има обврска иницијативата да ја стави на дневен ред па потоа  може да се види дали има подршка од 61 пратеник.

Тврди дека не може тој да си го толкува Деловникот како што сака затоа што не виделе  потписи од 80 пратеници кога го собирале двотретинското мнозинство за уставните измени. Претседтаелските избори ќе с ераспишат на 8 февруари а ќе се одржат на 21 април и 5 мај. Доколку во вториот круг не се постигне цензусот од 40% излезност и не се избере Претседател на државата, Џафери вели дека тој ќе ја преземе функцијата и во рок од 6 месеци ќе се распишат нови избори.

За претседателските избори се подготвува и Државната изборна комисија. Го утврдуваат начинот на гласање на немоќни и болни лица, лица со оштетен вид како и оние кои се наоѓаат на издршување мерка куќен притвор. Не се очекуваат проблеми околу пречистувањето на Избирачкиот список .

Вечерва истекува рокот за поднесување кандидатури за претседателски кандидати во ВМРО – ДПМНЕ. Во јавноста се споменуваат имињата на пратеникот Влатко Ѓорчев и професорката Гордана Силјановска. Кандидатура во опозициската партија  најавија и од  Македонија блокира. Имињата партијата ќе ги соопшти на 5 февруари а кандидатот ќе го бираат на Конвенција на 16 февруари во Струга. Остануваат уште три дена за изјаснување на СДСМ за претседателски кандидат и носењето одлука дали ќе се оди паралелно и на предвремени парламентарни избори. ДУИ вчера соопшти дека на изборите ќе настапат со свој кандидат а ќе отпочнат преговори и со другите партии на Албанците за заедничи настап на изборите.

Јулијана Пешевска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ