Груевски спомнат во завршни зборови како организатор на крвавиот четврток, се чека истрагата

Едни се амнестирани а на други им се заканува минимална затворска казна од 10 години, ова не смее да влијае врз пресудата за останатите 18 мина обвинети. Вака ги започна завршните зборови обвинителката Вилма Русковска на судењето за крвавиот четврток. За сите побара затворска казна бидејќи со како што рече организираниот упад во Собранието на 27 ми април 2017 предизвикале страв и траума кај граѓаните.

Низ завршните зборови на Русковска откри и што сведочел заштитениот сведок, рочиште кое беше затворено за јавност.  Никола Груевски бил организатор на ПУЧот рекол сведокот, постојано комуницирал со златната команда Митко Чавков, кој пак давал насоки на Јане Ченто. По 27 обвинетите биле разочарани од груевски, оти ги оставил на цедило, а ченто ова му го пренел на состанок на Чавков. Но за сега имињата на организаторите Русковска не ги открива.

Инаку обвинителството денеска остана на истото обвинение за делото Терористичко загрозување на уставниот поредок. Секаде каде се споменуваа амнестираните потенцираше дека се амнестирани. Но на споменувањето на имињата реагираа пратениците кои ги отворија вратите на собранието, а се меѓу амнестираните инивните колеги од независната група на вМРО ДПМНЕ.

  • Со жалење констатираме дека, денес Јавното Обвинителство не ги испочитува одредбите од член 1 од Законот за Амнестија, каде многу прецизно е дефинирано за какви дела треба да продолжи судскиот процес. Од таа причина сакаме да истакнеме дека спроведувањето на законот е императив за владеење на правото, велат од Независна пратеничка групана ВМРО ДПМНЕ.

Русковска пак на ова одговара дека со позитивното мислење за нив законот е испочитуван, што не значи дека тие не се виновни. Во понеделник ќе започнат завршните зборови на обвинетите.

Билјана Николовска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ