Мукоски, Арнаудов и Василевски лути што Русковска ги споменала во обвинението

Во врска со настаните од 27-ми Април, за кои во моментов се води судски процес, а кој беше дел од процесот за помирување преточен во Закон за Амнестија. Ова го пишува во реакцијата на независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ во која се и тројцата амнестирани пратеници за крвавиот четврток, Крсто Муковски, Љубен Арнаудов и Сашо Василевски.

Со жалење констатираме дека, денес Јавното Обвинителство во текот на завршното обраќање не ги испочитува одредбите од член 1 од Законот за Амнестија, каде многу прецизно е дефинирано за какви дела треба да продолжи судскиот процес. Од таа причина сакаме да истакнеме дека почитувањето и спроведувањето на законот е императив за владеење на правото, пишува во соопштението.

Русковска пак на ова одговара дека со позитивното мислење за нив законот е испочитуван, што не значи дека тие не се виновни. Во понеделник ќе започнат завршните зборови на обвинетите.

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ