Столтенберг: Очекувам сите 29 сојузници да го потпишат пристапниот протокол

Очекувам сите 29 сојузници да го потпишат пристапниот протокол. Наскоро Скопје ќе учествува на НАТО состаноците, изјави генералниот секрета на НАТО, Јенс Столтенберг, на денешната прес конференција.

Откако сите 29 земји ќе го ратификуваат протоколот, ќе бидеме во можност да и поскаме добредојде на Република Северна Македонија како наша 30 членка, рече Столтенберг.

Во меѓувреме, германската влада даде согласност за прием на Македонија во НАТО. Во соопштението на владата во Берлин се нагласува дека влезот на земјава во НАТО ќе даде важен придонес за безбедноста во евроатлантскиот простор, а исто така ќе обезбеди и важен импулс за натамошна стабилизација на регионот на Западниот Балкан.

Основата е поставена за приклучување на Република Северна Македонија во НАТО. Во февруари земјите-членки ќе го потпишат Протоколот за пристапување кон Вашингтонскиот договор, се нагласува во соопштението. Германската Влада ќе се залага за брзо усвојување на Протоколот, со цел формалното пристапување да може да се случи до крајот на следниот месец, се вели во соопштението од германската влада.

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ