Рускоска: Никола Груевски бил организатор на пучот во Собранието

Никола Груевски бил организатор на пучот во Собранието, рече обвинителката на Обвинителството за организиран криминал и корупција Вилма Рускоска цитирајќи дел од исказот на загрозениот сведок С1.

Исказот на овој сведок јавноста немаше можност да го чуе бидејќи обвинителството побара јавноста да биде исклучена поради опасност да не биде откриен идентитетот на загрозениот сведок.

Јане Ченто и Нинџа имале состанок со Чавков. Ченто му кажал на Чавков дека зад организацијата на пучот во Собрание стои Груевски, рече Рускоска во завршниот збор прераскажувајќи дел од исказот на загрозениот сведок, кој рекол дека насоките за влезот во Собранието ги давал Митко Чавков, по наредба на Никола Груевски.

Рускоска рече дека не можеле да го најдат мобилниот телефон на Чавков, зашто наводно го загубил по болниците.

Обвинителката кажа дека комуникацијата на Чавков била на Вибер, а комуникацијата лоцирана преку базните станици ВМРО-Алмако. Кога Чавков добил порака дека ќе се избира претседател на Собранието, истата порака му ја испратил на Груевски, што било утврдено од вештачењето на телефонот на Трајко Велјаноски, кажа обвинителката.

Ова е прв пат Груевски да се спомне како организатор на настаните од 27 април во судница. Во јавноста имаше шпекулации дека можно е тој да е вмешан, но не беше потврдено.

 

Објавено на
© 2026 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ