
80 кандидати за антикорупционери, од кои 19 за претседател
Осумдесет кандидати за седум места во Антикорупциска.
Толку се пријавиле на огласот за членови на државната комисија за борба со корупцијата. Телма дојде до целата листа на пријавени од кои 19 се изјасниле дека во исто време ќе влезат во трката за Претседател на комисијата. Меѓу овие 19 се поранешниот обвинител Александар Наков, адвокатот на Верушевски – Анѓеле Илиевски, адвокатот Оливер Вуксановиќ, Маја Малахова, екс претседателка на Државната комисија за јавни набавки, Тања Алтанџиева која беше поранешен член на државната изборна комисија и државнит советник во Министерство за правда, Радица Лазаревска Героска.
Од останатите пак позвучни имиња кои се познати и за јавноста а се пријавиле за членови на антикорупциската комисија обвинителот од случајот ПУЧ, Златко Биковски, поранешниот директор на УБК Горан Митевски, Злате Димовски професор на Факултетот за безбедност, и Чедомир Дамјановски од Лустрациската комисија. По новиот закон и новинари может да бидат членови на ДКСК а се пријавиле Горан Трпеноски од сакам да кажам и Џељаљ Незири директорот на скуп.
Комисијата за прашања на изборите и именувањата во собранито ќе чека упте утре дали по пошта ќе пристигнат уште апликации по што ќе започне селекцијата на кандидатите. Сепак неа ќе ја врши седумчлена комисија восостав од Мухамед Зекири од СДСМ, Артан Груби од ДУИ, Зоран Илијоски од ВМРО-ДПМНЕ и Владанка Авировиќ од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ како преставницинапратениците. Од невладиниот сектор напредлогна владата пак во комисијата влегоа Сабина Факиќ и Бесим Небиу.
По предлог на Народниот правобранител, член на комисијата ќе биде и Драги Целевски. Поселекцијата останатите кандидати ќе бидат интервјуриани а ова ќе се пренесува и на телевизја. ДКСК ќе се бида по новиот закон кој дава поголеми ингеренции. Веќе една година комисијата не функционира поради оставките на нејзините претходни членови.
Билјана Николовска