Собранието не дозволи уште еден референдум за името

Нема да се собираат потписи за одржување на уште еден референдум за името. Со 49 гласови за, 9 против и 3 воздржани, Собранието ја отфрли иницијативата на Тодор Петров како неуредна.

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека Собранието нема ваква надлежност и дека не смее да попречува граѓански иницијативи.

Опозицијата смета дека Собранието воопшто и не треба да се изјаснува откако комисиите ќе потврдат дека иницијативата е уредна, но Џафери нагласи дека тој не се согласува со мислењето на работните тела.

Пред дваесетина дена, претседателот на Светскиот Македонски Конгрес Тодор Петров достави барање да почне процедура за собирање 150 илјади потписи за одржување нов референдум со прашањето: „Дали сте за промена на името во Северна Република Македонија?“ Со денешната одлука, постапката се прекинува.

Соња Николовска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ