Таблите со новото име на државата ќе се поставуваат седум дена по стапувањето на сила на Договорот

Седум дена откако Грција ќе го ратификувањето протоколот за пристапување на Македонија во НАТО, ќе почне промената на имињата на институциите, граничните премини, амбасадите со новото име на државата – Република Северна Македонија.

„Овие работи што ги набројав ќе тргнеме веднаш. Немаме рок. Не постои. Рокот е за седум дена за стапување на сила. Значи тргнуваме веднаш во промена. Од наредните денови од стапување на сила на овие мерки ние влегуваме во промена и почитување на новото име“, Миле Бошњаковски, портпарол на влада на Р Македонија.

Владата на синоќешната седница донела одлука дека извршување на одредбите од Преспа да се усогласат и со Законот за употреба на јазиците, што со други зборови значи дека таблите со новото име ќе бидат двојачни таму каде што тоа е предвидено со Законот за јазиците. Такви ќе бидат таблите со името на Владата, министерствата, но не и на граничните премини. Двојазичноста на таблите на граничните премини според Законот за јазиците ќе се применува на гранични преми кои потпаѓаат под општини каде има 20 проценти од населенито зборува на албански јазик. Така на пример на преминот Богородица таблите ќе бидат само на македонски, додека на граничниот премин кај Струга ќе биде на македoнски и на албански јазик.

Се уште не se знaе колку ќе чини целиот процес на менување на таблите со новото име. Од владата велат дека тоа ќе се знае откако процесот ќе заврши. За имплемнтација на Договорот динамиката ќе ја утрвдува меѓуресорско владино тело кое кое ќе треба да изрљаботи Национален акциски план за тоа.

Дел од обрската на Македонија за имплемнтација на Договоро од Преспа е во рок од пет години од неговото стапувањето на сила, граѓаните на Македонија ќе мора да ги променат постојните лични документи како лична карта, возачка дозвола, пасош, регистарските таблици на колите. Од владата информираат дека тоа ќе се смета за редовна промена на документите што ќе падне на товар на граѓаните.

Преспанскиот договор ќе стапи на сила истиот момент кога Грција ќе го ратификува протоколот за прием на Макеоднија во НАТО. За да стигне пред грчките пратеници Протоколот прво мора да биде усвоен од амбасадорите на земјите членки на НАТО во Брисел, што се очекува да се случи идната недела.

„Прашање е на денови, уште немаме прецизен датум да знаеме точно кој ден. Мислам дека може да очекуваме тоа да се случи иднава седмица во однос на потпишувањето на пристапниот протокол од 29-те земји-членки во седиштето на НАТО во Брисел. Потоа веднаш процесот се враќа во парламентот во Атина и исто така тоа ќе биде прашање на неколку денови“, Никола Димитров, МНР на Македонија.

Бугарската влада денеска му даде зелено светло на својот амбасадор во НАТО за ратификација на Протоколот за членство на Македонија, а прет пет дена амбасадорот на Словенија во НАТО потврди дека добил од својата влада зелено светло за ратификациија на Протоколот. Таква најава стигна и од претседателот на црногорското собрание.

По ратификацијата на Договорот од Преспа во Грција, македонскиот влада се надева дека ратификацијата на протоколот за членство на Македонија во НАТО во грчкиот грчкиот парлмент ќе заврши до средината на февруари. Според Договорот од Преспа Грција треба да биде првата земја која ќе го ратификува овој Протокол за членство на земјава.

Тамара Грнчароска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ