Партиите со обвинувања кој сака а кој бега од предвремени избори

Остануваат уште неколку дена до носењето конечна одлука на Извршниот одбор на СДСМ дали заедно со претседателските ќе се одржат и предвремени парламентарни избори. Неизвесно е дали иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за распуштање на Собранието воопшто ќе биде ставена на дневен ред со оглед на фактот што претседателските избори ќе се распишат на 8 февруари, а собранискиот спикер Талат Џафери има рок од уште 15 дена да го одреди датумот за расправа.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека нема да бидат изненадени доколку нивната предлог одлука заглави во фиоката на Џафери. Социјалдемократите се убедени дека ВМРО-ДПМНЕ бара предвремени избори затоа што нема контрола на пратеничката група, а доказ за тоа според нив е вчерашното гласање за интерпелацијата на министерот Димитров.

ВМРО-ДПМНЕ со свои аргументи. СДСМ го губи мнозинството.

Меѓународниот фактор има разбирање за барањата на ВМРО-ДПМНЕ велат од партијата и покрај изјавите дека во овој момент на државата не и се потребни нови избори. Ќе ја почекаат одлуката на владејачкото мнозинство и во зависност од тоа ќе ги утврдат следните чекори.

Јулијана Пешевска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ