
Зенели: Не чувствувам лична одговорност
Се расплеткува клопчето што се случило со 12-те илјади осигуреници и нивните 19-милиони евра. По објавата на ресорната министерка Царовска и поднесната кривична пријава против непознат сотрител, се огласи и директорот на Фондот. Не станува збор за проневера туку за системски пропусти, за кои Фондот го информирал министерството.
Со години на пензионирани лица не им се отворале сметки во вториот столб, и не им се уплаќале средства, а се трошеле за исплата на пензии, тврди одново Царовска по заедничката средба со приватните друштва, Фондот и МАПАС. Експертска група ќе го чешла работењето на Фондот.
На вкрстените прашања од меидумите и Царовска и Зенели негираат дека скандалот е предизборен, ниту пак дека постојат внатрекоалициски препукувања помеѓу СДСМ и ДУИ. Според Царовска со новите законски измени и реформи, дупката во пензискиот фонд ќе се намали за 2 милијарди денари. Префрлањето на парите ќе се врши од утре па во наредните 6 месеци, а граѓаните да проверуваат во МАПАС.
Оштетените граѓани биле вработени и во приватниот, но и во јавниот сектор. За најголемиот дел од нив, нивното прво вработување било токму тогаш кога парите наменети за нивната пензиска каса заглавиле во системот. Најголемото задржување на пари од страна на ПИОМ, било во 2009 и 2010 година, кога директор на ПИОМ беше Исни Јакупи.
Оттука натаму надлежните очекуваат падот на системот да го расчисти јавното обвинителство.
Павле Беловски