
Сметководителите на протест против нелојалната конкуренција и честите падови на системот на УЈП
Сметководителите на протест пред Владата. Лути му се најмногу на Министерството за финансии, велат, веќе неколку месеци ги игнорира и не ги вклучува во подготовката на новиот закон за вршење на сметководствена дејност. Стравуваат законот да не им нанесе штета во работењето.
Се жалат на нелојалната конкуренција во дејноста, велат, таму е хаос и работата им ја земаат администратици и пензионери, па со цел таа да се елиминира, бараат вработување со полно работно време за потписниците на годишните сметки.
„Да се сузбие нелојалната конкуренција која што ја имаме во редовите на државната администрација и пензионерите, поднесува завршна сметка кој стигне, сакаме тоа да биде во рацете на Институтот на сметководители“, вели Дона Апостоловска, овластен сметководител.
Ова барање било прифатливо за премиерот Зоран Заев кому нивни претставници му ги кажаа маките.
„Жалиме што стигна до премиерот, ова барање е прифатливо, со тоа се изборуваме со нелојалната конклуренција“, вели Билјана Киселички, сметководител.
За другите барања на Владата и треба време да ги разгледа, меѓу нив е и она професионалните обуки да се одложат, од нив сметководителите плаќале 750 илјади евра годишно, како и микро друштвата со приходи до еден милион денари да можат да имаат по само еден вработен.
„Може завршна сметка или даночна пријава да поднесе само член на Институтот на сметководители. Сега тоа го игнорираме, станавме занаетчии“, вели Радомир Ристевски, сметководител.
Сметководителите револтирани и од УЈП, честите падови на системот, како оние во последните два дена од мината недела, ги принудуваат да работат и во викендите, велат, тоа за нас е навредливо и понижувачки.
„Ги замолуваме да вложат во соодветна опрема“, кажа Јован Златевски,
Директорката на УЈП, Лукаревска, вели дека прекините во тие два дена биле само по еден час, Управата им излегла во пресрет.
Лукаревска тврди дека проблемот е затоа што новото раководство наследило закрпен систем во УЈП, па овие испади често се случуваат, но се работи постојано на негово подобрување.
Нина Нинеска Фиданоска