Јанева предлага бомбите да станат „историско богатство“, и да ги доврши истрагите

Судбината на 8 истраги на СЈО зависи од тоа како во новиот закон ќе биде решен актуелната одредба која утврдува дека СЈО има 18 месеци  од преземање на предметите и материјалите за подигнување на обвиненија.

Специјалната обивнителка Катица Јанева бара  да се премости оваа пречка. За тоа дали СЈО смее да води истраги и да покренува обвиненија по јули 2017 кога истекоа 18 месеци од преземање на бомбите утре ќе расправаат и судиите од Врховниот суд, на предлог на адвокатите на Јанкиевски Божиновски и други обвинети во СЈО.

Врховниот суд пред две години не донесе одлука за судбината на бомбите како докази. Јанева предлага министерството за правда да најде начин како ќе се чуваат бомбите откако ќе заврши со нивно користење, а во иднина смета дека треба да станат историско богатство.

Професорите Гордан Калјаџиев и Гордана Лажетиќ се согласуваат дека политичарите во Македонија се посилни од правото и дека СЈО мора да опстои и да биде силно обвинителство, но нивните ставови се разидуваат околу рокот од 18 месеци. Калајџиев смета дека СЈО не требало да презема предмети од редовното обвинителство бидејки ризикува да ги застари. Лажетиќ пак смета дека нема застарување и дека Врховниот суд се става во функција на политиката, а не во функција на правото и дискуиите околу доказите.

На дебатата во МАНУ, републичкиот обвинител Јовески и неговите колеги потенцираа дека немаат доволно средства и кадар за работа, за разлика од СЈО. Правдата нема цена, но некогаш немаме немаме средства и за обдукции, посочи штипскиот виш обвинител Тодор Витларов.

Во Министерството за правда има неколку верзии за тоа како да се уреди статусот на СЈО. Јанева доставила своја верзија со предлози, СЈО да биде трајно обвинителство, со автономија без да им се мешаат во предметите, да имаат финасиска независност, своите предмети да ги застапуваат пред основните судови и Апелација, но пред Врховен да одат републичките обвинители.

Елена Ивановска Мукоска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ