
ЕУ со став – предвремените избори ќе ја дефокусираат земјата од реформите
Предвремените избори ќе ја дефокусираат земјава од реформите неопходни за Советот на ЕУ во јуни да даде датум за старт на преговори со Македонија. Ова е ставот на генералниот-директор за соседска политика и преговори за проширување на ЕУ, Кристијан Даниелсон, во пресрет на Извештајот на ЕК за напредокот на земјава врз основа на кој Советот ќе ја носи одлуката. Даниелсон смета дека земјата треба да го задржи позитивниот момент од затворање на прашањето за името за фокусирање на реформите.
„Поради тоа ние веруваме дека предвремени избори ќе го одземат тој фокус и нема да овозможат обезбедување неопходната енергија за одресирање на преостанатите отворените прашања на кои требно да се фокусира“, вели Кристијан Даниелсон, генералниот-директор за преговори за проширување на ЕУ.
Клучни притоа се судството, борбат апротив корупцијата, безбедносните служби, функционирањето на јавната администрација.
„Да ги остават судиите да одлучуваат независно, во согласност со законите и доказите и без страв од мешање, притисоци и влијание од никого. Треба да има нула толеранција кон корупцијата на сите нивоа. Секое назначување во јавната администрација треба да биде врз основа на заслуги. Во тој контекст една институција е особено значајна, а тоа е Комисијата за борба против корупцијата, која во моментов се создава“, вели Даниелсон.
За тоа дали законите кои беа неодамна усвоени со кое се намалува казната за злоупореба на службената должност, се крати рокот за застарување на делотот, финансирањето на партиите, како и финснсиската контрола врз именуваните одат во прилог на борбата против корупцијата како клучно прашање за Унијата, Даниелсон рече дека тоа антикорупцијата ќе биде важен дел од Извештајот за земјава и дека се следи тоа прапање од сите агли.
„Толку можам да кажам по ова важно прашање во овој момент. Мислам дека ќе имате што да читате кога ќе излезме со Извештајот по ова прашање“, најавува Даниелсон.
Даниелсон упати порака дека топката сега се наоѓа на половината на Македонија и дека откако е решено прашањето за името, потребен е прогрес по другите прашања. Одлуката за датумот, како што рече тој, ќе зависи од постигнатото во реформите, за што не е потребна само легислатива, туку и имплемнтација.
Првиот човек на Директоратот за проширување уапти честитка за ратификациија на Договорот од Преспа велејќи дека Унијата е импресионирана од големот чекор кој е направен за тоа.
Тамара Грнчароска