
Кривична од Бубевски за адвокатот Мефаиљ Арслани
Меѓусебните обвинувања на СЈО со одбраната на обвинетиот пратеникот од редовите на ДУИ Ејуп Аљими можно е да се преселат во Кривичниот суд, откако изутринава специјалниот обвинител Гаврил Бубевски поднесе кривична пријава против адвокатот на Аљими, Мефаиљ Арслани. Бубевски навел дека му е загрозена сигурноста од заканата којашто ја добил од Мефаиљ на паркинг зад трговскиот центар „Мавровка“. Бил во автомобил на двајца сведоци на настанот, адвокатата Артене Исеини и колешката на Бубевски, Фатиме Фетаи, на 20-ти номеври минатата година.
Сведокот Артене Исеини го отворила прозорот од кај возачката страна за да го поздрават и само што сведоците му рекле „добар ден Мефо, што правиш, како си“, истиот, агресивно, на висок тон, со сериозност во гласот им се обратил со зборовите „абе, евее, не знаеме што да и правиме на оваа пошто е наша“, покажувајќи со рака кон сведокот Фатиме Фетаи, „а на тој каурот матер ќе му расплачеме“, стои во пријавата од СЈО.
Бубевски во образложението бара од обвинителот да истражи дали е вмешан и обвинетиот Аљими, бидејќи неговиот адвокат во заканата се обратил во множина. Скандалот кој одекна минатата недела на рочиштето за изборни нерегуларности на кое се суди на Ељими, адвоактот Арслани го оцени како лага. Тој и Бубевски се познаваат од одамна и имале пријателски однос.
Не сум упатил никаква закана, ниту сум имал намера. Јас застапувам клиент во случај на СЈО, и така би го загрозил. Инаку добро е што СЈО се охрабри и покрена кривична, бидејќи во спротивно јас ќе го сторев истото. Сега имаме можност пред суд да ги спротиставиме аргументите, вели Арслани.
Шефицата на Бубевски, Катица Јанева, пак, прстот го впери во судот којшто според неа дозволувал обвинетата страна така да се однесува. Демант стаса и од судијката Оља Ристова која го води предметот на СЈО „Тврдина 3“ дека секое рочиште се снима. Таа знаела за преприка надвор од судницата, но кај неа не било пријавена никаква закана. Арслани го брани Ејуп Аљими од ДУИ којшто спроед СЈО во 2013-та на изборите сторил изборни нерегуларности.
Павле Беловски