
Интерпелација за Димитров во Собранието
Собранието на Република Македонија денеска ќе ја одржи 81-та седница на чиј дневен ред се повеќе законски решенија во прво и второ читање, како и интерпелацијата за работата на министерот за надворешни работи Никола Димитров, поднесена од пратенцитете од ВМРО-ДПМНЕ.
Претениците во рамките на седницата треба да расправаат и за граѓанска иницијатива за собирање потписи од најмалку 150.000 избирачи за распишување на дополнителен референдум за одлучување на граѓаните на целата територија на Република Македонија.
На дневниот ред на седницата се и предлог одлуките за изменување на одлуката за избор на претседател, заменик на претседателот, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата.