ВМРО-ДПМНЕ утре ќе поднесе барање за предвремени парламентарн избори и оставка на Заев

Неотповиклива оставка од премиерот,  формирање техничка влада и предвремени парламентарни избори со претседателските бара ВМРО ДПМНЕ. На седница на Централниот комитет паријата одлучи утре пратениците на „Коалицијата за подобра за Макеоднија“ во парламентот да иницираат оставка од Заев и распуштање на Паралментот. Мицкоски не открива што доколку ова барање не биде прифатено – вели за следните чекори јавноста ќе ја информираат дополнитлено

Мицкоски смета дека предвремени парламентарни избори нема да бидат пречка за реформи. Според лидерот на ВМРО ДПМНЕ за реформи има време.

СДСМ е партија која на Македонија и донесе државнички историски успех и поради тоа ќе однесе голема победа на претседателските избори и на парламентарните, кога и да се одржат, одговрија од СДСМ.

„Христијан Мицкоски е во паника поради влезот на Македонија во ЕУ и НАТО, а токму влезот во НАТО и растот на платите се најголемиот пораз за антизападниот Мицкоски. После поразот на следните избори, нека размислува за сопствената оставка.  Владата влегува во економски поход и најважни се интересите на граѓаните, а не антизападните интереси на Мицкоски“. 

Централниот Одбор на СДСМ во петокот одлучи да го  овласти највисокото раководство на партијата да ја донесе одлука дали ке има двојни избори, претседатлеки и парламентарни. Одлуката се најавуваше за следната недела. Потврдија дека има поделени ставови во партијата, но уверуваат дека на крај ќе донесат одлука во корист на граѓаните. Кандидатот за претседател ќе го изберат на конгресот на 3- ти март.

Од ВМРО ДПМНЕ пак потврдуваат дека за сега имаат двајца кандидати пријавени на огласот за претседател на државата. Покрај пратеникот Влатко Ѓорче се пријавил уште еден кандидат, кој нашите извори велат не бил многу познат на јавноста. Професорот Трајко Славевски чие име се споменуваше во јавноста за Телма потврди дека до сега не се пријавил, но не откри дали до истекот на рокот 31 јануари ќе влезе во трката за кандидат на ВМРО ДПМНЕ.

 

Елена Ивановска Мукоска

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ