Гевгелија со нов граничен премин

Гевгелија ќе добие нов граничен премин. Локацијата ќе биде на периферијата од градот, преку мостот на Сува Река, во близина на трасата којашто беше позната по мигрантско – бегалската криза од пред три години. Градоначалникот Поцков вели дека подобрувањето на односите меѓу двете земји ќе отвори можност за поквалитетна соработка на многу полиња.

Според Поцков овој граничен премин постоел во шеесетите години на минатиот век и бил познат за локалното население кое пеш ја минувало границата и одело во грчките села распослани долж границата. Овојпат, преминот ќе треба да биде од полза и за економскиот развој на регионот.

Гевгеличани велат дека грчките гости се редовни посетители и ја раздвижуваат локалната економија, па според тоа, новиот премин може да го олесни движењето на граѓаните од двете страни на границата.

Отворањето на граничниот премин кај Сува Река би бил трет во Југоистокот по оние кај селото Богородица и Дојран.

 

Сузана Мицева

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ