
Бесправното градење закана за НП Галичица
Бесправната градба и урбанизацијата е најголема закана за националниот парк Галичица. Одговорните во јавната установа предупредуваат дека проблемот со бесправните градби во строго заштитената зона на паркот е загрижувачки и дека институциите на системот не постапуваат по предметите поднесени до нив, а кои ги има во голем број.
Во зоната на Националниот парк во моментов има над 1000 викенд куќи, а голем дел од нив се бесправно изградени. Освен во населените места, дивоградби има и надвор од нив и тие претставуваат најголема закана по статусот на светско природно наследство заштитено од УНЕСКО, вели Бојаџи.
Освен со бесправната градба, НП Галичица се соочува и со дрвократство, кое во најголем дел го врши локалното население, но овој проблем е многу помал во однос на штетата која се прави со урбанизацијата, велат одговорните во паркот.
Горан Момироски