Честитки за Грција и Македонија: Историски договор, победа на разумот над национализмите, пример за политичка храброст и визија

Oва е ден за честитање, ден на пријателствата на Балканот, историски ден, по изгласувањето на Преспанскиот договор од страна на грчкиот парламент.

Заев прв ќе упати честитки до својот колега Ципрас: Честито мој пријателе Ципрас, заедно со нашите народи испишавме историска победа. Нека е вечен Договорот од Преспа, нека се вечни мирот и прогресот на Балканот и во Европа.

Честитки од целиот свет пристигаат за Грција, но и за Македонија, поточно за идната Република Северна Македонија.

Историски договор, победа на разумот над национализмите, пример за политичка храброст и визија..не се штеди на епитетите и комплименти во меѓународните импресии по ратификацијата на Договорот од Преспа.

Имаа имагинација, преземаа ризик и беа подготвени да ги жртвуваат своите интереси за поголемо добро. Зоран, Алексис – одлично направено! Невозможната мисија е успешно завршена“, порача на Твитер претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск.

„Атина и Скопје напишаа нова страница за нашата заедничка иднина во ЕУ“, напишаа во зедничката честитка претседателот на ЕК, Жан-Клод Јункер и високата претставичка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Федерика Могерини.

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, го нарече решавањето на спорот за името „историски исчекор“.

Шефот на германската дипломатија, Хајко Мас во првичната реакција по денешното гласање во парламентот во Атина истакнува :

„Со тоа се отвора патот за пристапување на Република Северна Македонија во НАТО и за отворање на пристапните преговори со ЕУ. Ние сакаме да ја поддржиме Северна Македонија на овој пат“, истакна Мас, според кого целиот процес чинел, како што вели, многу пот, а и по некоја солза. “ за двете земји, за регионот и за Европа во целост.

Овој успех, додаде тој, немаше да се случи без јасната перспектива за членство во ЕУ за наскоро именуваната Северна Македонија.

На Твитер се огласи и Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

„Ја поздравувам денешната ратификација на Договорот од Преспа во грчкиот парламент, значаен придонес за стабилноста и просперитетот на целиот регион. Го очекува приклучувањето на НАТО на идната Република Северна Македонија“, порача Столтенберг.

Се огласи и поранешниот шеф на грчката дипломатија, Никос Коѕијас, кој го потпиша Договорот од Преспа, по неговата ратификација во грчкиот парламент на Твитер напиша дека политиката на мирот триумфираше.

„Сега треба итно да се усвојат, заедно со нашите пријатели од Северна Македонија, сите позитивни мерки предвидени со Договорот од Преспа, нашата заедничка иднина. Зоран и Никола, историјата е училиште, не затвор. Заедно стоиме на вистинската страна од историјата“, напиша Коѕијас.

Ивор Мицковски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ