
Пензиите можеби ќе растат побавно, но тоа беше најблага можна мерка, велат експертите
Усогласувањето на растот на пензиите целосно според трошоците на живот, а не половина со нив и половина според платите како досега, беше неопходна и најблага мерка која власта мораше да ја преземе за да го закрпи руинираниот пензиски систем и тој да гарантира редовна исплата и зголемување на пензиите, и за идните генерации, сметаат експертите. Со оглед на фактот што изминативе години имавме ниска инфлација, а и во наредниот период трошоците на живот нема да растат повеќе од 2 до 2 и пол проценти годишно, факт е дека пензиите ќе растат малку побавно од претходно, но тоа не можеше да се избегне.
Оваа мерка беше неопходнја и ова беше блага мерка која ќе значи зивесно консолидирање на пензискиот фонд, бидејќи на дфолг рок трошоците на живот се очекува да растат малку побавно од порастот на платите, во тој контекст ќе има и помало зголемување на пензиите, тоа е помало зло од двете, едното беше колапс на пензискиот систем и второ, да има редовен процес на зголемување на пензиите. Оваа мерка е сосмеа оправдана, а пензионерите и натаму редовно ќе си ги земаат пензиите со минимални покажувања на секои 6 месеци и во овој случај не се повредени нивните права, вели Павле Гацов, даночен експерт.
Пензионерите, пак, реагираа дека оваа мерка е неправедна, велат дека оние со најиниски пензии ќе бидат и најмногу погодени, бидејќи нивното зголемување како процент ќе биде најниско. Велат дека дури 90 илјади пензионери земаат пензија под 9 илјади денари. Гацов смета дека за оваа категорија државата треба да размислува да одобри извесна социјална помош, но таа да не оди преку пензискиот фонд.
Тоа не е работа на пензискиот систем, во смисла на правата на пензионерите, тоа е социјална димензија. Ако пензиите не ја задоволуваат, државата треба да размислува за нив да се доделуваат средства но преку социјалниот дел од буџетот, вели Гтацов.
Според него, зголемувањето на пензиите доколку економијата порасне над 4 отсто, не е нешто што во скоро време треба да го очекуваат пензионерите.
И Синдикатот смета дека ова решение ќе обезбеди сигурно зголемување на пензиите, а фактот што тоа ќе ги следи животните трошоци, гарантира дека нема да дојде до подјадување на пензиите. Од ССМ направиле и неофицијални пресметки од расположивите досегашни податоци за второто полугодие од минатата година, кои покажуваат дека ако се користи старото решение пензиите би пораснале за 1,34 отсто, додека, според новата методологија, растот би бил 1,38 отсто, односно тоа во овој случај би било поповолно за пензионерите.
Нина Нинеска-Фиданоска