Мицкоски нема фаворит за кандидат за претседател?!

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ќе застане зад кандидатот за претседател на државата што партијата ќе го избере на конвенцијата на 16-ти февруари. Тврди дека дотогаш нема да фаворизира ниту еден од кандидатите што ќе се пријават на огласот кој завршува за шест дена. Не сакаше да одговори дали тоа  треба да биде партиска или натпартиска личност.

Во случај, заедно со претседателските да има и предвремени избори, Мицкоски нема да прифати скратени рокови за техничка влада.

Доколку изгуби на изборите, нема намера да си поднесе оставка, туку вели дека органите на партијата ќе одлучат за тоа. Досега само двајца се пријавиле да бидат кандидати од оваа партија. Едниот е пратеникот Влатко Ѓорчев, а другиот е симпатизер на партијата, чие име не и е познато на јавноста. Вчера партијата го избра генералниот секретар, Игор Јанушев, за претседател на републичкиот изборен штаб. За претседател на Унијата на млади сили, пак, е избран Јован Јаулески. Констатација на Извршниот комитет е дека, најбрз и најефективен излез од кризата се предвремени парламентарни избори, кои е потребно да се одржат заедно со претседателските.

Далиборка Дамјанска Цветановска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ