Капиталните инвестиции во 2018 најниски во последните 10 години

Во 2018 година Владата успеа да потроши само 65,6 % од парите што ги планираше за капитални инвестиции. Конечните податоци покажуваат дека од ланскиот буџет за проекти од инфраструктурата, како патишта, железница, водоводи, канализации, брани, системи за наводнување и училишта биле потрошени 197 милиони евра што е најниска сума во последните 10 години, односно дека 2018 е најлошата година за капиталните инвестиции.

Првичните планови на Владата беа дека ќе потроши речиси 400 милиони евра, но токму фактот што не можеше да се реализира ниту една третина од проектите беше причина владата да го вклучи алармот и да направи ребаланс, со што сумата ја скрати на 300 милиони евра. Од Министерството за финансии велат дека се задоволни од бројките.

На приходната страна имаме одлични остварувања кои целосно се поклопуваат со нашите проекции, што покажува дека Министерството за финансии прави кредибилни проекции.Дефицитот е помал од проектираниот. Очекуваме засилена реализација на капиталните проекти во Буџетот, оваа година со оглед на тоа што пречките за нивната реализација беа надминати во 2018, велат од министерството.

Опозицијата не верува во најавите за засилена реализација на проектите во оваа година.

Романтичните најави на заев пред да тргне на скијање во Гармиш Партен Кирхен ги разбиран само како негова пуста желба.Сакам тоа да се случи, но плановите за 2019 ми дава з аправо да кажам дека тоа е уште една шарена лага, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

За разлика од трошењата  и инвестициите, во буџетот во 2018 влегле 3 милијарди евра приходи а најмногу пари се собрани од перосналниот днаок на доход и днаокот на добивка

Виолета З. Стојановска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ