Нови врнежи од снег и снежна покривка во Македонија

Врнежи од снег насекаде во земјата и нова снежна покривка денеска во Македонија. Само во југоисточниот дел има врнежи од дожд и снег. Дневната температура ќе биде во позитива и ќе се движи од нула до пет сантиметри.

Снежна покривка од 76 има на Попова Шапка, 60 Маврово, 41 Лазарополе, 30 Крушево, 24 Пожаране, 8 Тетово, 5 Битола, Претор, 2 Скопје-Петровец.

Врнежите почнаа од ноќеска, а денеска нашето подрачје ќе потпадне под влијание на нов и студен влажен бран, кој ќе услови врнежи претежно од снег а во југоисточните делови од дожд и снег. На повеќе места врнежите ќе бидат обилни. Во југоисточните  делови ќе бидат претежно од дожд (над 40л/м2), а во останатите од снег и ќе се формира нова позначителна снежна покривка. Ќе дува умерен до засилен  ветер од северозападен правец, долж Повардарието повремено ќе се засилува.

Во Скопје, ќе биде облачно, врнежи од снег и ќе се формира снежна покривка. Максималната температура ќе достигне до 1 степен.

Утре во источните делови ќе има локални врнежи од снег, само во крајните југоисточни делови од дожд. Во недела ќе биде претежно сончево со ниски утрински температури.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ