Владата на нозе крои европски правилник за да ги казнува и малите, а многубројни загадувачи

Министерството за животна средина го вклучи црвениот аларм. Ќе се менува правилникот според кој се утврдува кој колку може да загадува воздухот. Реакцијата доаѓа објавата на Телма и реакцијата на инспекторите им се врзани рацете, и не можат да ги казнуваат малите, а многубројни загадувачи затоа што се испуштени граничните вредности за загадувачи кои имаат печки до 1 мегават моќност. Од министерството сеуште официјално не соопштуваат, но веројатно е дека властите ќе го пресликаат примерот на Хрватска.

„Работната комисија нема да се занимава само со дополнување на постоечкиот правилник до 2010 година, туку заедно со сите засегнати страни ќе изработиме нов и комплетен правилник со коишто ќе се прошират и прецизираат надлежностите на инспекторите, и ќе се прецизираат ограничувањата за индустриските капацитети“.

Ако се погледне хрватскиот документ се забележуваат истите гранични вредности за средните и големи печки, но во домашниот правилник намерно или не се испуштени граничните вредности на емисии на гасови за печките до 1 мегават моќност. Токму кај таквите стотици нзи дражвата инспекторките измериле и до 30 пати опасни честички. Казни нема, заради пропусти во правилникот, во кој за овие капацитети е задржна методата на чадокатраност од 1987 година со која се мери само бојата на чадот. Една од овие “мали“ печки не застанува да испушта црн чад, и да гори и пластика во скопската населба Кисела Вода. И во општина Аердром ги има 15-тина вакви мали загадувачи, кај кого одат инспекторите.

Ако се преслика Хрватскито модел донесен во 2017- та година, Македонија е чекор поблиску до европските регулативи и дозволени гранични вредности со кои компаниите со мали печки кои горат тврди горива ќе смеат да испуштаат максимални 1000 микргорами на метаркубен воздух, а во спротивно ќе можат да бидат казнувани според овој правилник. И печката во депонијата „Дрисла“ која е со капацитет до 1 мегават,  во коај се гори медицински отпад, ќе влезе во опсегот на идниот правилник.

Павле Беловски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ