Службеник во општина Охрид преку лажни записници им овозможил на свои блиски обештетувања од земјотресот

Внатрешната комисија што ја формира Општина Охрид по гласините за неправилности при исплатата на штети од земјотресите што го погодија Охрид летото 2017 година, утврдила сериозни пропусти и злоупотреба на наменските средства, кои се делеле по роднински и други врски. Таа констатирала дека одговорниот административен службеник Радован Вељаноски, ја злоупотребил функцијата и со сомнителни записници од проценката на штета неосновано озовможил блиски членови од неговото семејство да бидат обештетени, иако тие официјално не биле баратели на штета.

Георгиески инсформираше дека постојат и други сомнителни трансакции, меѓу кои и на вработени во општината на кои им биле исплаќани повисоки суми, поради што случајот заедно со целокупната документација запленета од општинската комисија е предаден на СВР Охрид и ЈО.

Вкупните штети од серијата земјотреси што во 2017 година го погодија Охридскиот регион беа проценети на 58 милиони денари. До општинската комисија поднесени беа 854 барања за проценка на штети. Исплатата на штетите доцнеше со месеци, а голем број граѓани се’ уште немаат добиено отштата.

Горан Момировски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ