
Се уште не е ослободен ниту еден амнестиран затвореник
Директорот на Управата за извршување на санкции Јовица Стојановиќ во телефоснки разговор за Телма рече сите барања за амнестија од затворите се однесени во судовите кои треба да донесат решение врз оснoва на кои затоврите потоа ке можат да ги пуштат амнестираните осудени лица. Стојановиќ вели дека вработени од затворите денеска лично до судовите ги носеле документите за да не се губи време по пошта. Според првичните вројки околу 800 осуденици треба да бидат пуштени на слобода од македонските затвори а околу 3000 се опфатнеи со делумна амнестија.
Кривичниоте совети на скопска единица одлучуваат по барањата за амнестија. До денеска на пладне во Кривичниот суд пристигнале 116 барања но бројката постојано расте информираат од судот. Во законскиот рок од 5 дена советите ке донесат решенија велат од судот.