Се до намалување на цената на природниот гас- Струмица ќе дише загаден воздух

Општина Струмица не може оваа сезона да ја спроведе мерката за намалување на цената на природниот гас. Иако општината рече дека сакаат да ја понудат заради загадувањето на воздухот и да ги мотивираат граѓаните да го користат овој енергенс за затоплување, сепак за неа ќе се почека до следната грејна сезона доколку ја одобри Владата. Општината пред речиси два месеца рече дека поднеле иницијатива до Владата за намалување на данокот на додадена вредност на природниот гас од 18% на повластена даночна стапка од 5%. Но, одговор дали се прифаќа или не се’ уште не добиле бидејќи станувало збор за процедура за која е потребно време, но и измена на законот за данокот на додадена вредност.

Покрај намалување на данокот, општината најави и укинување на приклучаната такса за гасот. Трошок што би паднал на товар на локалниот буџет, но и за оваа мерка засега нема известување дали и кога ќе почне да важи.

Бизнис заедницата вели дека овие мерки би значеле голем број нови корисници особено од стопанството, бидејќи гасот ќе стане многу поповолен.

Изминатите денови Струмица повторно беше еден од најзагадените градови во државата. Со денови вредноста на пм 10 честичките беа над 188 во метар кубен воздух, а во одредени временски интервали се искачуваше и до 500 пм.

Сузана Мицева

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ