Ако имате печка до 1 мегават горете што сакате никој не може да ве казни!

Само заради еден правилник во минситерството за животна средина од 1987 година, инспекторите не можат да казнуваат, а Скопје е број еден во светот со најзагаден воздух.

Телма дојде до снимки како горат оџаците на малите погони, а никој не ги казнува. Градот кука дека и да сака не може да ги казни затоа што во 2010 година Министерството за животна средина донело правилник за граничните вредности на емисиите во воздухот, но за печките со мал капацитет не предвиделе гранични вредности. Сега инспекторите одат, мерат, и молчат додека оџаците испуштаат црн чад. Потребна е измена на правилник, а од надлежното министерство велат пторебни се најмалку 60 дена за сите процедури.

Оваа печка гори цел ден. Семестена е во срцето на скопската населба Кисела Вода. Освен што го труе воздухот, црниот чад навлегува во околните фабрики, кадешто се чува и произведува облека и храна. Сопствениккот е пријавуван неколкупати. Во неговиот двор инспекторите измериле 30 пати опасни честички над дозволените граници. Казна нема, бидејќи не постои можност во правилникот на Министерството за животна средина напишан во 2010 година.

До Телма стасуваат загрижувачки податоци дека инспекторите на Град Скопје и општините влегле во најмалку 100 вакви мали погони кои имаат печки до 1 мегават моќност, или печки за кои не важи правилникот и пропишаните гранични вредности на штетни емисии во воздухот, а во нив се гори, дрво, пластика и гуми. Казните се за поголемите загадувачи, коишто имаат поголеми печки. Во Министерството за животна средина се запознаени со пропустот, но оваа зима ќе куртулат малите, но многубројни загадувачи.

Град Скопје интервентно да иницира барање за промена или дополнување на правилникот. Ќе формираме работна група која ќе го прегледа, и ќе го испрати до секретаријатот за законодоваство. Потребни се најмалку 60 дена за да може да го потпише минситерот, и да излезе во службен весник.

Според, правилникот со кој од 1987 година навака се мери чаднокатрански број или бојата на чадот е единствената можност на инспекторите да откријат загадување кај малите загадувачи. За депонијата Дрисла казната стаса бидејќи во правилникот може да се казнуваат според видот на честичките кои ги испушта печка со моќност од 1 до 50 мегавати моќност, но такви согорувачи се бројат на прсти во Скопје.

Инспекторите кои стравуваат и сакаа да останат анонимни велат дека не се тие виновни што не можат да пишуваат казни заради недостатоак од правилници и закони. Казните, пак, за овие загадувачи можат да достигнат и до неколку десетици илјади евра.

Павле Беловски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ