Социјалните работници од случајот со злоставуваната малолетничка сториле прекршок

Социјалните работници не направиле кривично дело туку само прекршок во случајот со штитеничката од домот за деца Ранка Милановиќ. Обвинителството се откажа од гонење на вработените во Центарот за социјални грижи и од домот откако утврдило дека не може не сториле кривично дело туку прекршок. Пријавата која беше поднесена против тројца од ценатрот и осуммина од домот за Несовесно работење и Запуштање и малтретирање на дете сега е отфрлена. Обвинителот донел ваква одлука откако ја земал целокупната документација од Министерството за труд и социјална и од Меѓуопштински центар за социјални работи. Од документите открил дека имало дисциплинска постапка за 17 мина стручни соработници. Но исто така и дека секое бегање на детето било пријавено во МВР а кога тоа ќе се вратело добивало совети за да престане да бега.

Пријавените не презеле противправни дејствија со кои би се исполнило законското битие на наведените кривични дела. Пријавените постапиле спротивно на членот 113 став 1 од Законот за социјална заштита во поглед на водењето евиденција на корисниците на правата од социјална заштита, но тоа не претставува кривично дело, туку станува збор за прекршок, велат од ЈО.

И родителите на девојчето поднеле кривични пријави против тројца службеници од домот но обвинителството смета дека делата не се такви кои се гонат по службена должност. Една од пријавените никогаш не била поставена за старател на детето. Инаку грозоморниот случај беше обелоденет од Европскиот центар за правата на Ромите.  Спротивно на обвинителството тој откри системски слабости во институционалната грижа за децата во социјален ризик.  Дванаесет годишната штитеничка од домот беше сексуално злоупотребувана по што остана бремена и абортираше. До сега Осудени се оние кој ја експлоатираа. 13 години затвор доби Мајмире Дестанова која ја продавала по градови, во кафани и на таксисти и се заканувала и ја тепала, По 12 години, што е минимална казна за трговија со дете, добија Ерол Јашаров и Сезар Раимов кои сексуално го злоставувале и малтретирале девојчето.

Билјана Николовска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ