
Ја избодел со нож сопругата на паркинг пред трговски центар- жител на Сарај уапсен во Австрија
36-годишен маж од селото Ласкарци во општина Сарај со нож ја избодел сопругата на паркинг пред трговски центар во австрискиот град Тулн.
Убиството се случило вчера, а жената починала на лице место откако со нож била избодена во вратот и искрвавила пред повеќе сведоци меѓу кои биле и двете малолетни деца на убиената и на нејзиниот сопруг-убиец. И жртвата е од Македонија.
Убиецот е уапсен веднаш, а најдено е и оружјето со кое ја убил 32-годишната сопруга.
Австриските медиуми објавија и фотографија од осомничениот убиец, кој според објавеното работел како градежник во Австрија. Засега се уште не е утврден мотивот за убиството. Претходно убиената сопруга била и во шелтер центар по пријава дека е жртва на семејно насилство.
Децата кои се на 6-годишна и 10-годишна возраст се преземени од надлежните социјални служби во Австрија.