
Пазарџиите ќе здивнат, пратениците бараат одлагање на законот и носење нов
Апелите на пазарџиите допреа до пратениците.Парламентарното мнозинство бара одлагање на законот за пазари до 2020 година и носење на ново решение во интерес на сите. Признаваат дека со 64 гласа дадени за законот лани, направиле грешка.
Редно е да признаеме дека сме направиле грешка, сега ја поправаме и го одлагаме до јануари 2020 година, но ако Министерството подготви побрзо нов закон, ќе го разгледаме, вели Горан Милевски од ЛДП.
ВМРО-ДПМНЕ минатата година не го гласаше законот за пазарите но сега бараат да престане да важи како што велат штетниот закон што бил донесен брзоплето и без конулстации.Сметаат дека власта сега го повлекува законот од политички причини
Пак провидна мерка која не им користи на пазарџиите кои протестираат. Одлагањето е да не претрпи штета на изборите, обвинува Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ бараат да се одржи јавна расправа, но Милевски смета дека таа сега би била беспредметна. Посуштинско вели е да се дебатира кога ќе има нов предлог закон. Пазарџиите бараат да им се дозволи на пензионерите да продаваат на тезга и не сакаат да им се намалуваат нови трошоци и да плаќаат 60 евра за лиценца за работа.
Со лиценцата не се согласуваат ниту дел од пратениците. Неприфатливо според нив е 1,5 милиони евра колку што ќе се соберат по оваа ставка да завршат во приватната комора на трговци а не во буџетот на државата
Виолета З. Стојановска