
Бесир Беља: Го удрив 2-3 пати Никола Саздовски, не сакав да го убијам
По половина година молк во судницата одекнаа изјавите и на двајцата тепачи на Никола Саздовски Саздо, кој почина на скопките клиники. Бесир Беља жали за смртта. Не сакал да убие никого, и не тргнал со таква намера. Со обвинетите Секендер Демири и Јетон Лужа тргнале на кафе, а кружејки со „мерцедесот“ поминале покрај автобуската постројка во Автокоманда. Бесир пред судот рече дека застанал, бидејќи му се причинило дека ја видел неговата братучетка. Излегол да провери, а враќајки се назад им се сретнеле погледите со Саздо.
Го загледав сега покојниот и заклучив како да сака да ми направи нешто. Му пријдов и го прашав зошто ме гледа. Ме опцу, го опцув. Започнавме расправија. Го удрив 2-3 пати, и тој ме удри еднаш во слабианта, еднаш ме промаши. Тој тргна наназад, му се сплеткаа нозете и падна. Но, бидејќи се насобраа луѓе не видов дали удри во нешто, и дали падна во безоснание, сведочеше Беља.
Беља, на налетот прашања од адвокатите, судот и таткото на САздо, рече дека го познавал од социјалните мрежи, но не и лично. Најмногу сомнеж во исказот на Беља имаше татко му на Саздо.
Адвокатот на оштетеното семејство го спротистави Беља со претходните сведоци, кои сведочеа дека на заминување, Беља го удрил со нога во пределот на вратот.
Второобвинеиот Скендер Демири, бил во автомобилот кога започнала расправијата, притрчал да ги раздвои и смири Беља и Саздо, а не да го тепа Саздовски. И двајцата обвиенти не беа прецизни дали Демири го удирал Саздовски или само Беља. Рочиштето започна по час и половина напрегање откако судот го одби барањето на одбраната прво да се изврши реконструкција и увид на местото, а потоа обвинетите да даваат одбрана. Бесир Беља, Скендер Демири и избеганиот Јетон Лужа се обвинетите дека претепувајќи го Саздовски извршиле кривично дело убиство.
Павле Беловски