Клучна недела за евентуалните предвремени избори

До крајот на оваа недела би требало да биде појасно: дали оваа пролет, заедно со претседателските, ќе имаме и предвремени парламентарни избори. Можен термин е 5 мај, денот кога се планира одржување на вториот круг од претседателските избори. Одлуката треба да ја донесат владеачките партии и да и одговорат на ВМРО ДПМНЕ, која секојдневно посочува дека избори на нов собраниски состав – мора да има. Во наредните денови, прашањето ќе биде разгледано во партиските органи на СДСМ.

Во ВМРО ДПМНЕ велат дека се уште го чекаат  одговорот од СДСМ.

Во владеачката СДСМ мислењата се поделени. Дел од раководните лица сметаат дека избори треба да има за да се обезбеди постабилно парламентарно мнозинство. Другиот дел се согласуваат со меѓународните пријатели дека не е време за избори туку за реформи.

Од ДУИ велат дека одговорни политичари не треба да размислуваат за избори туку за членство во НАТО и преговори со ЕУ. Но, ќе размислат доколку другата опција е бојкот на претседателските избори.

Од ВМРО ДПМНЕ велат дека избори мора да има. Брифираат дека би прифатиле задолжителната Пржинска Влада да има покус мандат: 50 или 60 наместо 100 дена. Доколку партиите се договорат, предвремените избори би требало да се распишат во првата половина на март.

Соња Николовска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ