
Охриѓани го одбележаа Денот на рибарите
Во духот на традицијата, со староградска песна, греана ракија, вино и зимско капење, на празникот Св. Јован, охриѓани го одбележаа Денот на рибарите. Капачите ги предводеше тајфата на фаќачот на крстот на која и се придружија голем број охриѓани, меѓу кои беше и првиот човек на градот.
И оваа година изостана пливањето по буриња со вино, но затоа се готвеше вкусна рибна чорба. Професорите и учениците од средното угостителско училиште Ванчо Питошески подготвија околу 5000 порции вкусна рибина чорба.
Традиционално дел од чорбата волонтерите на Црвен крст Охрид ќе ја поделат на социјално загрозени семејствата, како и на лица со хендикеп и стари лица кои не се во можност да присуствуваат на настанот.
Горан Момировски