
Учениците и автомобилите да останат дома
Откако од вчера Скопје прединачи на светската листа на загадени градови, по ден и половина стасаа и мерките. Прв се огласи лидерот во загаден воздух Град Скопје, и им порача на граѓѓаните да ги остават возилата и да се возат во бесплатениот јавен превоз. За да не помислуваат на користење автомобили јавните паркинзи од денеска ќе чинат двојно повеќе за час, а МВР го замолуваат да ги проверува автомобилите кои чадат повеќе од нормалното. Град Скопје им објави војна и на градежниците, додека опасните честички кружат во воздухот.
Граѓаните се бомбардирани од долгата листа на мерки. На нозе се кренаа миниситерството за животна средина кое порача на работада не одат хронични болни и бремени жени. Бездомниците да се згрижат бара министерката Мила Царовска, а надлежните инспкторати да излезат на терен. Овие апели и краткотрајни мерки ќе даваат резултати ако владата претходно презела долгорочни, велат екологситите.
Псоледиците убиваат, а причините никаде ги нема. И градската и централната власт бараат виновник, а не можат да го најдат. Ако Тетово го гуши „Југохром“, Битола „Рекот“, а Скопје непласнакта урбанзиација тогаш зошто Прилеп е најзагаден град деновиве ? Владата тврди дека се домашните печки во коишто се гори се и сешто. Најавената гасификација на домаќинствата ќе почека уште некоја година, трамвајот е само план, а првите догодина ќе стасаат еко-автобусите за Скопје.
Павле Беловски