
Измените на законот за минерали суровини ги разлутија и еколошките здруженија и македонската рударска асоцијација
Измените на законот за минерали суровини ги разлутија и еколошките здруженија и македонската рударска асоцијација. И двете засегнати страни велат дека законот не е јасен. Незадоволство искажа и претседателот на асоцијацијата Николајчо Николов кој смета дека дел од членовите се нелогични, неприменливи но и неуставни.
Ваков е ставот и на здруженијата во струмичко кои беа дел од иницијаторите за измена на законот за суровини. Велат дека се чувствуваат изманипулирани, бидејќи законот е конфузен.
Компанијата Еуромакс смета дека рудникот Иловица – Штука се развива според измените на законот за минерални суровини. Овој е нивниот став за измените коишто се изгласаа на 9 јануари.
Еуромакс вели дека со ова се потврдува одлуката за отфрлање на цијанидот, додека сулфурната киселина не била предвидувана да биде дел од процесот на обработка на рудата.
Концесионерот Еуромакс рисорсис под притисок од јавноста, во декември 2017 донесе одлука за откажување од користење на цијанид и сулфурна киселина во просецот на обработка на рудата.
Сузана Мицева