
Новинарката Мирјана Мирчевска нападната од обезбедувањето на МПЦ за време на известувањето за Водици
Новинарката Мирјана Мирчевска Јовановиќ од Канал 5 телевизија била повредена во инцидент за време на известувањето за одбележувањето на Водици во Скопје.
Во моментот кога новинарските екипи сакале да земат изјава од момчето кое го фати крстот настанало влечење, туркање и пцости кон новинарските екипи.
Како што информираат од Канал 5 телевизија, новинарката Мирјана Мирчевска Јовановиќ, од страна на вработените во агенцијата за обезбедување „Никоб“, ангажирани по наредба на Mакедонската православна црква била брутално истуркана, навредувана и влечена. Таа потоа била хоспоитализирана во градската болница со повреди на раката и вратот. Телевизија најавува пријава до јавното обвинителство и полицијата.
А еве што изјави Мирјана Мирчевска по излегувањето од градската болница.
Од МПЦ за Телма велат дека тие се против секаков вид на насилство и дека мора секој да си ја извршува професионално својата работа. Отец Бобан Митевски од Скопската епархија повика на простување од двете страни.
Советот за етика во медиуми го осуди нападот врз новинарката на Канал 5. Од таму велат дека е неприфатливо на каков и да е начин да се спречува професионалната работа на новинарите и ова претставува напад од страна на агенцијајата Никоб врз безбедноста на новинарите.