Тевдоски – „Фич“ го потврди кредитниот рејтинг ББ со позитивен изглед за Македонија
Меѓународната агенција „Фич” го потврдува кредитниот рејтинг на Македонија во ББ плус, со позитивен изглед, информираат од Министерството за финансии. ВО извештајот се нотира дека усвојувањето на уставните измени ќе го асфалтира патот на Македонија кон членство во НАТО и ќе го поддржи почетокот на формални преговори за членство во ЕУ.
Но, Меѓународната агенција оценува и дека ризиците за политичката стабилност се` уште се повисоки од групата на слични други земји, како резултат на политичката криза меѓу 2014 и 2017 година.