
Долек: Зад протестот на пазарџиите стои Скопски пазар
Комората на трговци ги обвинува организаторите на пазарите дека манипулираат со пазарџиите.Претседателот Екрем Долек тврди дека луѓето кои изнајмуваат тезга се задоволни од законот и дека за нив не е проблем цената на лиценцата.Причината за незадоволството и протестите тој ја лоцира во Скопски пазар. Организаторот на пазарите се става над законите рече Долек така што врши притисок врз луѓето да не се лиценцираат.
- Не е во прашање цената туку манипулацијата со луѓето од страна на организаторот на пазарите се маниупулирало со бројот на тезги, се криела вистинската бројка, но сега со лиценците се ќе излезе на виделина, ќе се дознае дека има голем криминал, рече Екрем Долек, Комора на Трговци.
По ваквите обвинувања Телма побара реакција и од Скопски пазар но оттаму ни рекоа дека својот став ќе ни го соопштат утре.
Законот за зелените пазари се подготвува од 2009 година и во него според тврдењата на Долек се прифатени сите предлози на пазарџиите. Но ова мислење не го делат луѓето кои работат на тезгите.Бараат законот да се повлече бидејќи не само што не учествувале во неговата подготовка туку дека таквото законско решение, ќе ги направи социјални случаи.
Откако Министерт Бектеши се иззема од проблемот што го создава новиот закон за зелените пазари и топката ја префрли во собранието, од таму велат дека ќе бараат одлагање на измените.Земјоделците, пензионерите и сите пазарџии да бидат спокојни, велат пратениците, ќе се најде решение со кое секој ќе може чесно да си заработи денар плус, но и решение со кое ќе се сузбие сивата економија.
Вчера пазарџиите ставија клуч на тезгите и излегоа на протест пред собранието тврдејки дека законот нема да донесе ништо добро за нив. Во очекување на позитивен исход, тие го ставија протесот во мирување а денеска работеа со полна пареа .
Виолета З. Стојановска