
Скопје најзагаден град во светот, а граѓаните ги полнат болниците
Ако се погледне Скопје од птичја перспектива градот е невидлив, и обвиен во смог. Но, ако се отвори листата на градови со најзагаден воздух јасно се гледа дека Скопје е број еден во светот. Зад петици му се Ну Делхи, Индија и Џака во Бангладеш, градови препознатливи по непланската градба и брзиот развој. Последиците од енормното загадување видливи, но причините се премолчуваат, велат екологистите.
Инфективна, пулмологија, детска клиника се полнат со пациенти со една дијагноза. Грип, настинки и кашлица. Повеќе од триста граѓани побарале помош, или 50 проценти повеќе од декември. Дел од причините се загадениот воздух, а расте бројот и на смртни случаи, велат лекарите.
Екологистите и властите се фатија за гуша кој да им објасни на граѓаните да се греат на еколошки извори на енергија. Додека градот препорачува во овие кртични денови граѓаните помалку да шетаат, да не користат возила и внимаваат што ставаат во печките за греење, екологистите бараат трајни и долгорочни мерки.
Озлогласените ПМ честички се штетни по човековото здравје затоа што се толку ситни што можат да влезат во дишните патишта и да продрат во крвните садови. Светската здравствена органзиација изброи дека годишни во светот умираат околу 600 000 деца од загедн воздух. Исто така ПМ честичките имаат канцерогено дејство и претставуваат ризик-фактор за појава на рак на белите дробови. Во меѓувреме, владата крои стратегија какви мерки да превземе во наредните десет години.
Павле Беловски